24 ноември, 2017

Радио

Оваа диета го има компирот како главна состојка, но исто така вклучува и нискомаслен јогурт, па доколку ги следите упатствата, можете да загубите од 3-5 килограми за само три дена.

Скробот кој го содржи компирот, со млечните киселини од нискомаслениот јогурт, му обезбедуваат на телото доволен дневен внес на калории. Скробот, кога е во комбинација со вода, дава чувство на ситост и без голем внес на храна. Оваа диета се држи само три дена, а може да се повтори максимум два пати последователно.

Ден 1

Појадок: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: 2 чаши јогурт

 

Ден 2

Појадок: една чаша јогурт

Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

 

Ден 3

Појадок: еден варен компир без сол

Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Вечера: една чаша јогурт

 

Важна напомена која треба да ја имате на ум: немојте да го замените варениот компир со пржен. Варениот компир се смета за многу здрава намирница, а пржениот компир е нездрав и поттикнува наталожување на килограмите. Варениот компир содржи полно витамини и минерали и влакна кои ги забрзуваат варењето.

Во 100 грама компир има само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокали. Јогуртот ја регулира работата на системот за варење, го отстранува вишокот вода и токсините од телото.

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Тридневна компир диета со која ќе намалите од 3 до 5 килограми
Горе