Зошто сокот е лимон е најдоброто нешто за вашиот организам?

20 јануари, 20170
13

Испијте лимонада наутро, пред појадокот, и тоа ќе го раздвижи вашиот метаболизам и ќе спречи калориите да се “залепат” на критичните места. Не само што лимонот помага во процесот на слабеењето, тој е исто така заслужен и во борбата против здравствените проблеми.

Богатството на витамин Ц всушност и не е единствената предност на лимонот. Тој може да замени дел од маснотиите во многу јадења бидејќи им дава извонреден вкус но и ја намалува калориската вредност.

На пример за 1 порција салата, ако ја зачините со двојно помалку масло, а додадете малку повеќе лимонов сок, ќе заштедите дури 45 калории. Самиот лимон е исклучително малку калоричен – 1 лажица додава само 1 калорија!

Докторката Пени Стенвеј е автор на книгата “The Miracle of Lemons” и таа испраќа исклучителни пофалби за ова овошје. Помеѓу останатото, овој цитрус ќе ја смири вашата жед и ќе ви ја намали телесната температура.

Прочитајте кои се дел од предностите на лимонот:

1. Губење на вишокот на килограми

Лимоновиот сок го стимулира ослободувањето од вишокот на килограми и влијае превентивно на мастите кои што се таложат. За оптимални резултати, пијте лимонада наутро, пред појадокот. Ова ќе го забрза вашиот метаболизам.

2. Кашлица

Лимонот е најдобар природен лек во случај на грип и настинка. Тој го поттикнува организмот да го исфрли непотребниот секрет кој настанува во случај на настинка и со негова помош може брзо да се ослободите од сезонските вируси.

3. Дамки на кожата

Верувале или не, сокот од лимон одлично функционира на сува кожа и за отстранување на дамки. Исто така тој ја хидрира кожата и ги отстранува изумрените клетки.

Ставете малку сок од лимон на подрачјето на кое имате дамки и останете на сонце неколку минути. Повторете ја постапката неколку пати во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi