Зошто вашата диета нема ефекти?

16 јуни, 20170
12

Секојдневно правите неколку работи за да ја постигнете саканата тежина, а всушност повеќето од нив се “скриени саботери” поради кои никако не успевате да ослбнете…Зошто вашата диета и вежбање не даваат резултати?

Веројатно затоа што ве саботираат неколку навидун неважни работи. За ова повеќе да не се повторува, еве список на работи кои влијаат на вашиот неуспех во добивањето на саканиот број на килограми.

Јадете житарици за појадок? Тоа не ви е баш добра идеја, бидејќи едно американско истражување покажало дека ширатиците имаат многу шеќер. Покрај тоа, по консумирање на житарици многу брзо се појавува чувство на глад.

Јадете бел леб? Експертите велат дека тоа е еден од најдобрите начини за дебелеење, не се препорачува ниту белиот ориз од истите причини. Одберете леб од интегрални житарици.

Овошните сокови содржат многу шеќер, особено ако не се природни. Луѓето често се залажуваат и мислат дека нема да се здебелат ако пијат овошни сокови, но фактот е дека тие содржат повеќе калории од одредена храна.

Ако имате дебели пријатели, потешко и самите ќе ослабнете, покажува едно истражување. Причина е тоа што често ги прифаќаме навиките на нашите блиски.

Често читате и гледате рецепти и емисии за храна? Тоа не би требало да го правите, бидејќи ваквото однесување го поттикнува мозокот да ги активира центрите за глад и јадете повеќе отколку што ви е потребно.

Ако храната не ја џвакате добро и доволно, остатоците ќе ви останат во устата. Тоа е опасно, бидејќи поттикнува делување на цревни шокови, а тоа го активира мозокот кој на телото му јавува потреба за храна.

Сакате да јадете на работа? Бидете внимателни, бидејќи истражувањата покажуват дека луѓето на работа јадат 30% повеќе храна, за разлика од дома.

Сакате да јадете пред ТВ? Тоа не е добра идеја, бидејќи телевизиската содржина ви го одвлекува вниманието и не внимавате колку јадете, а докажано е дека јадете повеќе.

И стесот е непријател на витката линија. Хормонот кортизол кој се јавува поради стресот стимулира формирање на масни наслаги околу стомакот, но и го подобрува растот на бројот на клетки одговорни за дебелината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi