10 совети за жени: Што да направите за да му недостасувате?

8 март, 20170
12

Без оглед на тоа дали се во врска или не, Овие совети ќе ви помогнат повторно да го добиете посакуваното внимание од вашиот долгогодишен партнер доколку сте во врска, или да ви помогнат да вратите некој поранешен дечко.

Мажите се комплицирани суштества.Ним им треба постојано внимание, љубов и претпочитаат да бидат “во лов” по жените за кои се заинтересирани. Понекогаш е тешко да се постигне вистинската рамнотежа за тој однос навистина да функционира. Затоа,понекогаш е најдобро да се застане назад и да оставиме да му недостасуваме.

Дајте му прилика да се труди околу вас со овие 10 совети:

 Ако сте во врска
Ако сте во врска и се чувствувате дека повеќе ја нема искрата помеѓу вас- не очајувајте. Со текот на времето тоа се случува со повеќето парови доколку не работат на нивната врска. Дајте му на вашиот партнер можност да се потруди околу вас. Еве како можете да го сторите тоа.

Раскажете му како ви помина денот
Еден од најдобрите начини да почнете да му недостасувате е да му покажете дека можете да се забавувате и без него.  Тој сака да биде дел од вашиот живот и сака да ве направи среќни и ќе се обиде да го добие вашето внимание, со цел да ви покаже дека можете да се забавувате и во негово друштво.

Не бидете достапни за него во секое време
Ако вашиот дечко ви праќа порака, не му праќајте веднаш повратен одговор. Дај му малку време, да се заинтересира што е тоа што го правите, што е поважно од тоа да му вратите на пораката. Тоа многу ќе го заинтригира.

Овозможете му незаборавен секс

Користете ја вашата фантазија и овозможете му секс кој цел живот ќе го памети. Тоа сигурно ќе го разбуди неговиот интерес.

Игнорирајте го
Ако тој со вас се однесува ладно, играјте ја истата игра. Оставете му можност прв да ви пријде.

Ако веќе не сте заедно
Ако вие и вашиот дечко веќе не сте во врска, тогаш мора да се игра малку поинаква игра.

Изгледајте совршено
Првото правило е дека мора да изгледате совршено. Да зрачите со среќа без него. И кога ќе ве види да се прашува која е причината поради која не сте изгледале така кога сте биле заедно.

Се појавуваш со друг дечко во јавност
Не мора да се појавите со друг дечко, доволно е да се појавите и со некој пријател или колега, се додека станува збор за личност од спротивниот пол. Направете го малку љубоморен. Ако му значите, очекувајте повик уште истата вечер.

Бидете љубезни

Кога ќе се сретнете однесувајте се кон него како со стар пријател, а не изгубена љубов. Тоа многу ги менува работите.

Бидете среќни и без него
Очајот нема да ви помогне. Никој не го привлекува очајна поранешна девојка.

Носете го неговиот омилен парфем
Потсетете го на убавите заеднички моменти. Ништо не е посилно од тоа.

За крај запаметете: Мажите сакаат да сакаат. Дајте им ја таа можност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi