3 искрени причини зошто не привлекувате добри мажи

24 февруари, 20170
7

Досега сте привлекувале само лоши момци и цврсто стоите на ставот дека сите мажи се исти. Но, проблемот можеби лежи во вас самите. Ова се 3-те главни причини зошто постојано започнувате врска со погрешни луѓе…

Безусловна љубов е кога можете да бидете, да се чувствувате и да размислувате на свој начин, а партнерот иако можеби не се согласува со вас, ќе ве сака и ќе прифати компромис.

1. Не знаете како да прифатите љубов

Доколку сакате само да давате и да ја одржувате еднаквоста во врската, нема да можете да направите место за нов партнер во вашиот живот. Мажите се вљубуваат кога даваат и кога се чувствуваат корисно. Покажете му на потенцијалниот партнер дека ви треба, побарајте помош. Научете да прифаќате конкретни работи, како што се вечери, цвеќиња и подароци, но да возвраќате на апстрактен начин со зборовите „Благодарам“. Не е воопшто тешко.

2. Се однесувате како да не ви треба маж

Престанете да инсистирате вие да платите или да ја поделите сметката. Не го спречувајте партнерот доколку сака да ви ја отвори вратата. На тој начин му давате до знаење дека не ви треба, а ниту еден маж не сака да се чувствува бескорисно.

3. Премногу работите

Веќе одамна не ви се јавиле чувства за никого, бидејќи сте биле презафатени со работа. Тоа може да биде голем проблем. Обидете се да откриете што е тоа што прави да се чувствувате убаво, а што не. Најдете време за себе, животот не е само работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *