4 главни причини зошто не треба да правите пауза во врската

11 август, 20170
2

Некогаш имате чувство дека единственото решение за моменталната ситуација е да направите пауза во врската, но дали е тоа навистина вистинското решение? Ова се работите за кои треба да размислите пред донесувањето таква одлука….

Паузите во врските беа популарни кога бевме средношколци, а тоа зборува доволно што значат тие.

1. Паузата нема да ги реши проблемите во вашата врска

Комуникацијата е таа која можеби ќе ги реши проблемите, но паузата од неколку недели сигурно нема, бидејќи голема е веројатноста дека за време на истата нема да комуницирате, барем не онака често како претходно.

2. Таа ќе го направи вистинското раскинување уште полошо

Секоја чест на исклучоците, но често, паузата дава лажна надеж на паровите дека ќе успеат да ги решат проблемите. Ако имате толку многу проблеми што морате да поминете некое време разделени, многу е веројатно дека истите нема да ги решите туку само ќе мора двапати да поминувате низ болниот процес на разделување.

3. Проблеми со довербата

Голема е веројатноста дека во даден момент ќе почнете да се преиспитувате каде е тој, со кого е и што прави и зошто воопшто му требала оваа пауза, а сето тоа може да доведе до тоа да почнете да му приговарате за фактот дека тој си заминал од вас, па дури и може да престанете да му верувате, бидејќи ќе мислите дека истовремено си ги испробува шансите со некоја друга.

4. Ако ви е потребно време да сфатите дали ви се допаѓа некој друг…

…веројатно не е така, барем не доволно, па зошто тогаш само да губите драгоцено време?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi