Ѕвездите откриваат: Дали сака долга врска или авантура?

27 ноември, 20170
5

Доколку сакате да откриете дали сте во врска со личност што гледа иднина покрај вас и на која можете да се потпрете на подолг рок, тогаш погледнете што велат ѕвездите за оние знаци што се најсклони на долги врски, како и за оние кои бараат само забава и флерт.

Овен

Овните се склони нагло да се одлучат со кој сакаат врска, па затоа и импулсивно се впуштаат во емотивни односи. Проблемот настанува во онаа фаза кога првобитната страст кон партнерот ќе почне да се гаси. Доколку не им успее да ја оживеат, тие лесно можат да ја прекинат врската.

Бик

Биковите сакаат долги и сериозни врски поради едноставна причина – тие сакаат стабилност и секогаш сакаат да знаат на што се. На нив многу им е важно партнерот да им биде верен, дури и ако им е здодевно во врската. Дури и страста да исчезне, тие тешко го прекинуваат односот.

Близнаци

Близнаците по својата природа се променливи. Тие сакаат да љубат и мечтаат за љубов, но исто така и лесно можат да го променат своето мислење и емоции. Често сакаат да предизвикуваат љубомора преку флерт со други за малку да си поиграат, но ако им е здодевно, лесно ставаат крај.

Рак

Раковите се едни од најемотивните знаци, но исто така умеат да бидат и малку злобни. Тие се едни од најидеалните кандидати за сериозна врска бидејќи сакаат емотивна сигурност, но исто така и долго умеат да патат и трпат во лоши врски бидејќи не знаат како да раскинуваат.

Лав

Лавовите имаат силно и огнено срце поради кое можат да љубат до срж. Но, пред да ја пронајдат „вистинската“ личност тие можат да имаат повеќе различни врски, а понекогаш дури да бидат и промискуитетни. Но, кога навистина ќе се заљубат, тие гледаат долготрајно на таа врска.

Девица

Девиците се многу променливи. Во суштина тие сакаат емотивна стабилност и сакаат да имаат сериозна врска, но ако направат погрешна процена или кај партнерот забележат повеќе ситници кои им пречат, тие лесно можат да го/ја заменат. Овој знак секогаш на прво место се става себе.

Терезија

Терезииите тежнеат кон тоа секогаш да имаат партнер бидејќи не сакаат самотија. Тие лесно влегуваат во нови врски каде им е важно да им ласкате и да им се додворувате, на тој начин хранејќи го нивното его. Тие се одлични кандидати за сериозна врска бидејќи се емотивно стабилни.

Скорпија

Скорпиите се многу предани кога искрено љубат, го даваат својот максимум и секоја своја емоција ја вложуваат во оваа врска. Тие се трудат да бидат верни и во тоа успеваат сè додека чувствуваат љубов. Но, ако откријат лага или превара, тогаш ќе ви се одмаздат полошо одошто што мислите.

Стрелец

Со Стрелецот најтешко може да се оствари сериозна врска. Тие тоа го сакаат и сметаат дека го умеат, но само во теорија. Во пракса ги зафаќа нервоза кога ќе помислат да бидат со само една личност бидејќи не сакаат моногамија. Врската со Стрелците најчесто вклучува мамење.

Јарец

Еден од најдобрите кандидати за сериозна врска се Јарците. Кај нив сè треба да биде стриктно по правила, а кога ќе ги дадат своите емоции не очекуваат ништо помалку од тоа за возврат. Тие се одлични и во бракот, посветени се и семејството им е секогаш на прво место.

Водолија

Водолиите тешко ќе ги доведете до одлука да се впуштат со вас во сериозна врска. Но, ако успеете во тоа треба да имате на ум дека со нив пријателството е на прво место. Ако сакате да бидете долго време со Водолија, тогаш треба прво да бидете пријатели, а потоа љубовници.

Риби

Рибите можат лесно и непромислено да се впуштат во сериозна врска сè додека чувствуваат пеперутки во стомакот и имаат илузии за саканата личност. Тие се вистински романтичари и многу им е важно да им посветувате многу внимание. Само на тој начин ќе ги задржите покрај себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *