Ерогени зони кои предолго ги занемарувавте

27 октомври, 20170
4

Сите знаете дека постојат делови на телото кај мажите и жените кои претставуваат посебни ерогени зони, а ако им се посветите, ќе осигурате исклучително задоволство на подобрата половина. Се работи за ушите, вратот, задникот, усните, нозете и градите. Меѓутоа, има и делови на телото кои исто така припаѓаат на ерогените зони, а се доста необични и лесно може да ги заборавиме.

Врвовите на прстите од рацете

Врвовите на прстите содржат еден тон нервни завршетоци. Се наоѓаат на листата на најчувствителни делови на телото, а ако им се посветите во комбинација со усните, забите и слично, ќе создадете возбудливо искуство. Врвовите на прстите реагираат на лесни допири, но секој реагира различно, затоа не двоумете се да го пробате нешто што на вашата подобра половина би ѝ се допаднало.

Стапала

Добра масажа на стапалата може да биде многу релаксирачко, по напорниот ден, а особено ако се допрат одредени точки на стапалата кои може да предизвикаат возбудување. За да го зголемите возбудувањето, дозволено е користење на масло за масажа кое ќе ве доведе до лудило. По притискањето на прстите, продолжете кон нозете и зглобовите со лесни допири, грицкање и масажа. Концентрирајте се и без брзање посветете се на секој потег.

Рачен зглоб

Лесно допирање и масирање на рачниот зглоб ќе ги разбуди повеќето од сетилата. Следниот пат во предигра, задолжително вклучете и милување и лесни потези на рачниот зглоб со прсти или јазик.

Коса

Темето на главата е полно со нервни завршетоци, а масажа на тоа место може да доведе до отпуштање на напнатоста и засилување на протокот на крвта, а со тоа ќе му овозможи на телото опуштање на добрите хормони поради кои ќе се чувствувате одлично. Играње со косата, лесна масажа и милување по главата може да стимулира голема возбуда кај секого. Поиграјте со прстите и под туш, кога можете да ја измиете косата еден на друг, и истовремено да си обезбедите незаборавна масажа.

Усни

Двојките во долги врски често забораваат каква моќ има бакнувањето. Бакнувајте се, играјте со усните и забавувајте се. Тоа има неверојатна моќ, како и самата уста. Искористете ги насекаде по телото и на тој начин излудете го партнерот.

Стомак

Милување или масажа на стомакот може да биде многу еротска за жените. Препуштете се на допирите по стомакот, бидејќи на него има многу нервни кои водат до препоните. Со тоа, се зголемува чувството, а возбудата доведува до лудило.

Зад колената

Овај дел од телото го забораваат многумина, а всушност е исклучително важен и има вистински потенцијал во однос на задоволството. Масажа и милување зад колената прави голема возбуда, бидејќи кожата на тоа место е тенка, а тоа значи дека овозможува поголем пристап на нервите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi