Фатални заводнички во Зодијакот: Овие 5 дами можат секого да освојат

11 јули, 20200
4

Секоја жена си има своја специфична убавина, без разлика дали се работи за чисто физичка убавина или харизма. Сепак според астролозите овие 5 припаднички на понежниот пол, кои се родени во одредени зодијачки знаци, дефинитивно победуваат кога се работи за убавината, сексапилот и магнетната привлечност.

Овен

Тие поседуваат спортска телесна градба, делуваат силно и имаат потенцирани црти на лицето. Црти кои едноставно тешко се забораваат. Често ќе бидете во прилика да запознаете маркантна бринета, темнокоса убавица со светли очи или наизглед сосема едноставно кажано, преубава бринета со совршена става. Нивниот изглед е во согласност со нивната силна и енергична личност која е карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа ќе се потруди секој допир да остане длабоко врежан во сеќавањето.

Лав

Лавиците се силни, грациозни и често со спортска телесна градба. Нема да ви биде потребно многу време за да пронајдете Лавица со буквално извајани нозе, чиј изглед и држење остава без зборови. Знаат модерно да се дотеруваат, а понекогаш во сето тоа и навистина уживаат.  Нив лесно ќе ги препознаете и во морето од девојки, бидејќи покрај споменатата убавина и нивниот стил на облекување, и нивните животи речиси никогаш не се вообичаено клише!

Скорпија

Згодните нозе, широките рамена, впечатливото лице со сензуални усни и продорни очи  се карактеристики кои ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат убава и густа коса а истоа како и Лавовите сакаат да се дотеруваат, а нивниот истенчен вкус никогаш нема да им дозволи да направат модна грешка.  Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите, нив ги обожуваат и децата.

Стрелец

Дамите во знакот на Стрелец се најзгодни дами во целиот зодијак. Овие убавици како да имаат природен талент за да се истакнат. Често имаат убаво и помалку долгнавесто лице, високо чело и изразено светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај, тоа го прават на вистински начин, со одмерена доза на лудост.

Водолија

Водолиите се вообичаено со средна височина или пак пониски, имаат преубаво заоблено лице и посветол тен. Вообичаено имаат помали дланки и стапала, но и убави и буквално извајани нозе. Нивните очи се нежни, а погледот бистар и полн со живот. Имаат убави и меки, полни усни. Водолиите не и придаваат големо значење на облеката, тие знаат дека кога покрај својот избраник ќе застанат голи, никој тука нема да размислува за облека. Водолиите се често природно “надарени” со женски атрибути и го оставаат спротивниот пол буквално без здив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *