Како стресот влијае на доживувањето оргазам?

18 мај, 20170
14

На кој начин стресот, заморот и самодовербата влијаат на доживувањето оргазам?

Резултатите од новото британско истражување покажуваат дека заморот, самодовербата, стресот од работата и алкохолот се најчести фактори што го намалуваат доживувањето на оргазмот.

 На секој шести маж врската му зависи, односно ја смета за успешна ако и сексуалниот живот му е задоволителен, а ако поубавата половина не ги исполнува стандардите в кревет, подготвени се и да ја прекинат врската. На секој четврти маж и на секоја петта жена оргазмот им е толку важен што го изедначуваат со чувството на заљубеност, покажаа резултатите од ова истражување.
Резултатите од истражувањето, во кое биле вклучени 3.800 Британци, покажаа дека 16% од мажите и 10% од жените ја прекинале врската во која оргазмите биле ретки, а 39% рекле дека тоа им е многу важен фактор при одлучување за иднината на врската.
Иако 60% од испитаниците рекле дека се многу задоволни од врската, овој број се намалил за 17% кај жените кога требало да ја оценат сексуалната страна на врската.
На прашањето што најмногу им влијае на нивната способност да доживеат оргазам, заморот бил најчест одговор. Овој фактор влијаел на 20% од жените и на 23% од мажите. За жените втор најважен фактор за доживување оргазам е самодовербата, а потоа и недостаток од сексуална желба.
За 15% од мажите алкохолот е „виновникот“ што го споречува оргазмот во спалната соба, а стресот и грижата на работа им влијаат дури на 12% од мажите. Секое четврто испитано лице рекло дека понекогаш чувствува притисок да постигне оргазам, а како резултат на тој притисок 27% од мажите и 69% од жените во одреден момент одглумиле оргазам во текот на сексот.
На прашањето што најмногу би им помогнало да доживеат оргазам, жените одговориле: долга предигра, орален секс и сексуални играчки. И кај мажите е слично, за подобар оргазам можат да придонесат: почест орален секс, долга предигра, сексуални играчки и промена на положбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi