Какви мажи ги привлекуваат жените за време на плодните денови?

19 октомври, 20170
10

Овулацијата кај жените предизвикува силни промени, па затоа им стануваат привлечни мажите кои не се нивни партнери.

Жените кои се во врска со помалку привлечни и помалку доминантни партнери стануваат многу критични кон нив за време на овулацијата. Во тој период не чувствуваат блискост со нив и повеќе ги привлекуваат други мажи.

Како што открива истражувањето, жените кои покрај себе имаат згодни алфа мажи се многу позадоволни во текот на “тоа време” од месецот. Но посубмисивните мажи сепак не треба да се грижат дури и кога жената гледа друг маж, бидејќи нема да трае долго време.

Во истражувањето учествувале 40 жени, а експертите од универзитетот Калифорнија проверувале што им се случува за време на менструалниот циклус, односно како ги доживуваат мажите. Направиле неколку експерименти кои довеле до прилично интересни откритија – ставот на жената кон мажите зависи од статусот на нејзината плодност, но и привлечноста на нејзиниот партнер.

Одбивноста кон партнерот се јавува кај жените кои немаат толку привлечни партнери. Овулацијата поттикнува одредени промени во нив кои го менуваат нивното однесување. За среќа, тоа не трае долго” – истакнува професорката Марти Хазелтон која работела на истражувањето.

Објаснува дека тоа веројатно се случува затоа што жените во тој период потсвесно бираат мажи за кои чувствуваат дека можат да осигураат потомство. Обично тоа се алфа мажи со висок тестостерон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi