Какви се придобивките од бавниот секс?

18 септември, 20170
7

Научете повеќе за бавниот секс и ќе сфатите нешто што жените го знаат веќе со години – бавниот секс е подобар.

Зошто таа сака бавно?

Само затоа што таа е влажна, тоа не значи дека таа е близу до оргазам. Правило: Размисли и пресметај колку време мислиш дека ѝ е потребно. Сега, дуплирај го!

Синхронизираноста е преценета. На жените не им е баш гајле кога ќе имаат оргазам – важно им е да имаат. Колку подолго и побавно трае – толку поголеми се шансите да доживеат оргазам.

Сексот е забавен. Сигурно се обидувате да бидете ефикасни, но сексот е игра – затоа, направете да биде интересно – колку побавно трае играта толку подобро ќе се забавувате.

Кои се придобивките

На мажите им е потребно подолго време за да се опорават од сексот. Токму поради што овој период на опоравување трае малку подолго, подобро е кога и вие и вашата девојка ги забавите работите.

По првиот секс, треба да помине барем 1 час за повторно да одете во акција. Затоа, обидете се да трае подолго.

Сексот е подобар и од анаглин и од аспирин. Ани Спринкл, доктор на науки, поранешна порно ѕвезда и проститутка, која денес е сексуален едукатор, го промовира сексот како производ кој ги намалува болките преку соединенијата наречени невропептиди.

Два збора: посилни оргазми. Колку побавно се одвиваат работите, и колку повеќе ја доближувате во врвот, а исто така и вие, толку посилен ќе биде оргазмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi