Кога вашиот партнер тврди дека ве сака, но неговите дела зборуваат поинаку…

23 октомври, 20170
7

Секој сака во својата врска да добие безусловна љубов. Но понекогаш се случува спротивното…
Откривате дека само ви кажува дека ве сака, но не го докажува тоа. Дека нема повеќе почит и лагите ја упропостиле вашата врска. Повеќе време поминува со пријателите, отколку со вас.
Тогаш не треба да се залажувате дека се е во ред и дека ве сака, туку да проверите дали вистински ве сака, и доколку не ве сака да си заминете. Еве неколку начини како да откриете…
Вербално/психичко малтретирање
Вашиот партнер без проблем ве посрамотува јавно, пред вашето семејство, пријатели или зад затворени врати. Тој ве навредува. Тој ги уништува вашите идеи. Тој крева рака над вас. Тој ви се заканува. Тој ве критикува или ве споредува со другите жени.
Наоѓа изговори
Тој иако подолго време е со вас наоѓа изговори кога сакате да го запознаете со вашите. Тој одбива да има сериозна врска со вас. Кога ќе спомнете брак или семејство тој ја избегнува темата или наоѓа изговори.
Не покажува интерес за вашите потреби
Вие би сакале вашиот партнер да земе учество во вашите активности или доволно е само да ве поддржи. Наместо тоа, тој с егрижи само за неговите активности игнорирајќи ги вашите потреби. Тој не верува или не ве поддржува во вашите цели и успеси.
Ве лаже
Вашиот партнер ве лаже бидејќи “се плаши од вашата реакција,” или “не сака да ги повреди вашите чувства ” Тоа с есамо изговори за лагата. Ако вашиот партнер навистина ве сака тој би ви ја кажал вистината. Тој би ве почитувал доволно за да ви ја каже вистината. Подобро да ве види повредени од вистината отколку повредени од лагата.
Постојано ги одбира другите пред вас
Вашиот партнер поминува повеќето време со пријателите а малку време со вас.
Секој може да ви каже дека ве сака, но треба и да го докаже тоа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi