Кои жени полесно доаѓаат до оргазам?

24 март, 20170
9

Според „Archives of sexual Behavior“, резултатите од спроведеното истражување покажале дека жените кои редовно доживуваат оргазам имаат неколку заеднички навики. Притоа, тие доживувале и имале слично сексуално искуство.

Па така, жените кои најчесто доживуваат оргазми се фокусираат на предиграта, комуницираат отворено со својот партнер и често воведуваат нови правила на игра во кревет.

Истражувањето се фокусирало и на еден друг аспект. Станува збор за ситуации надвор од спалната соба. Жените кои се посреќни во животот и во врската со партнерот, генерално доживуваат почесто оргазам од оние девојки кои не се задоволни од изборот на партнер.

За да дојдат до ваквите заклучоци, авторите на истражувањето направиле анализа на фреквенциите на оргазмот на повеќе од 50.000 мажи и жени во САД. Во истраќувањето биле вклучени освен хетеросексуалците, хомосексуалците и бисексуалците.

Според крајните заклучоци 95% од машките, хетеросексуални, испитаници, редовно доживуваат оргазам за време на сексуално интимните односи. За разлика од нив, само 65% од хетеросексуалните женски испитаници доживуваат оргазам за време на интимниот чин.

Интересен е фактот што 86% од женските испитаници кои се хомосексуално ориентирани редовно го достигнуваат врво за време на сексуалниот однос. Ваквиот јаз помеѓу хетеросексуалните и хомосексуалните женски испитаници се должи на фактот дека жените кои имаат секс со жени не обрнуваат внимание на пенетрацијата и на сексуалниот однос гледаат од посензуален аспект.

Затоа девојки, доколку сакате да го зголемите вашето сексуално задоволство, комуницирајте отворено за своите сексуални желби и потреби, пробувајте нови пози и едноставно применете дел од вашите еротски фантазии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *