Кој вели дека сексот не може да биде одличен почеток на една врска ?

31 мај, 20170
6

Во најновите истражувања, научниците открија дека исти делови од мозокот, задолжени за контрола на чувството љубов, се одговорни и за контрола на сексуалната желба, што упатува на заклучок дека сексуалната желба, може да се претвори во љубов…

Љубовта и сексот, очигледно се поклопуваат, но сепак се разликуваат. Всушност, можно е да чувствувате желба за секс, без чувство на љубов, тврди Џим Фаус, професор по психологија на Универзитетот Конкордија, во Монтреал, кој повеќе  од десет години се занимава со проучување на љубовта и либидото.

Сепак, според научниците, сексот и чистата страст можат да бидат добар почеток на врската. Всушност делот од мозокот наречен insula ,  односно striatum, сивата маса во мозокот, играат важна улога кај љубовта и сексот. Инсулата се наоѓа длабоко во кората на големиот мозок и влијае врз емоциите додека striatum се наоѓа во предниот дел од мозокот, кој се активира во состојба на сексуално возбудување или пак за време на чувството љубов.

Со цел точно да се лоцира позицијата на сексуалната желба и љубовта во мозокот, истражувачите разгледале 20 претходни студии кои користеле fMRI технологија. Прво, сакале да ги откријат деловите од мозокот кои се активираат во моментот на заљубување, а после тоа ги споредувале со деловите кои се активираат за време на сексуалното возбудување.

Она што било откриено – било неверојатно, љубовта и сексот, на еднаков начин го активираат делот од мозокот наречен striatum, кој се поврзува со зависноста. „ Љубовта делува баш како дрога. Секој кој прекинал врска со партнер, во кој уште е заљубен, се чувствувал како да се одвикнува.

Но, научниците забележале поклопување на љубовта  и сексуалната желба во инсулата. Подрачјата на поклопување, укажуваат на тоа дека сексуалната желба, во бројни случаи, преминува во љубов…

„Дури и љубовта на прв поглед постои, а кога ќе се заљубиме на прв поглед, што е првото што сакаме да го направиме ? – Да ја консумираме “, вели професор Фаус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *