Која е просечната доза секс?

19 април, 20170
9

Сексот има поволно дејство врз психофизичкото здравје на човекот. Сепак, која е просечната неделна доза секс?

Сексот го подобрува расположението, ги намалува негативните ефекти од стресот и го регулира крвниот притисок.

Редовниот секс исто така ги зголемува блискоста и односот со партнерот. Меѓутоа, што значи редовен секс?

Американците денес имаат секс поретко отколку Американците пред една деценија, покажаа резултатите од едно најново истражување што го објави Archives of Sexual Behavior.

Од 2010 до 2014 година, просечниот возрасен Американец имал секс девет пати помалку во споредба со Американците од 2000 до 2004 година, покажа истражувањето.

Падот на стапката бил уште поостар кај брачните двојки кои живеат заедно: тие имале секс 16 пати помалку годишно.

Причините за ова можеби се зголеменото работно време и родителските задолженија.

Исто така, подемот и достапноста на разните системи за домашна забава се голема конкуренција за пополнување на слободното време.

Тоа не значи дека луѓето се лишени од секс. Просечниот возрасен Американец има секс 54 пати годишно, што е малку повеќе од еднаш неделно, покажуваат резултатите.

Брачните двојки што живеат под ист покрив имаат секс околу 51 пат годишно.

Тоа е добро, бидејќи сексот еднаш неделно најверојатно е оптимален за да се одржува чувството на задоволност и среќа.

Ако заостанувате зад квотата, не е лошо да направите напори за заживување на сексуалните активности со партнерот, се разбира, се додека не е исфорсирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi