Кратки совети за успешна врска

12 јануари, 20170
5

Ви претставуваме десет кратки трикови, односно кратки совети, за успешна врска.

Често ќе го чуете тврдењето дека самата љубов не е доволна за врската да биде успешна.  Често наидувате на статии што се усмерени кон тоа да ве едуцираат и инспирираат на сите големи и мали работи кои се потребни за да биде успешна врската. Можеби не се сите применливи на вашата врска, но комбинацијата на поединечни совети секако ќе ви помогне да ја одржите вашата врска долга и среќна за двајцата.

Во оваа статија сакаме да обрнеме внимание на десет мали секојдневни работи кои ги правиме автоматски, но автоматски често и ги забораваме. Тие се мали и секојдневни, но многу важни.

  1. Секогаш дочекувајте го партнерот со бакнеж и прегратка.
  2. Кога нешто ви зборува партнерот, слушајте го сконцентрирано.
  3. Распределете ги куќните обврски со партнерот и совесно извршувајте ги.
  4. Давајте му комплименти на партнерот – обратете внимание на новата фризура, новото парче облека или слично.
  5. Покажете интерес за деловниот живот на вашиот партнер – прашајте како било на работа и сослушајте внимателно.
  6. Кога гледате дека партнерот ви е посебно уморен, не го напаѓајте со ситници кои може да почекаат.
  7. Изненадете го партнерот.
  8. Одвојте време да го поминете заедно, без деца, без пријатели и без други обврски.
  9. Комуницирајте – проверете ги заедно проблемите што ве мачат, дури и кога не може партнерот да влијае на нив.
  10. Деловните партнери ги споделуваат сите проблеми и одлуки поврзани со работата и се рамноправни во тоа. Исто е и со љубовните партнери. Делите заеднички живот, па и однесувајте се така. Донесувајте ги одлуките заедно и рамноправно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *