11 декември, 2017

Радио

Лубрикантите спаѓаат во „сексуални помагала“ кои можат да го подобрат Вашиот љубовен живот. Од голема помош се при првиот сексуален однос доколку сте под стрес или сакате да водите љубов под туш или во када.

Според истражувањата само во САД околу 20 милиони жени имаат потреба од лубрикант при водењето љубов, што е последица на стрес, депресија, менопауза или земање на одредени лекови.

Заради сите овие причини сексуалниот однос може да биде болен, отежнат па дури и невозможен, како за жената така и за мажот.

Во секоја од овие ситуации пожелно е да се користи лубрикант, кој може да се најде во слободна продажба.

При тоа совет од лекар не е неопходен, но е препорачлив, а поддршката од партнерот/ката е задолжителна.

Лубрикантите може да се користат и со дијафрагма и анти-беби пилула, а ако се комбинираат со кондом тогаш мораат да бидат на база на силикон или вода.

Доколку ги употребувате, задолжително прочитајте го упатството и обратете внимание дали можат да се користат при орален секс.

Повеќето лубриканти не предизвикуваат алергија, но сепак бидете внимателни. Немојте да користите лубрикант од непознат производител, а истиот најдобро би било да го набавите во аптека.

Остави коментар

Почетна // живот // љубов и секс // Лубриканти – да или не?
Горе