Магијата на сексуалната привлечност

17 мај, 20170
10

Нема жена што не сака да биде сексуално посакувана од својот маж. Денес ќе ви раскажам што да направите за да ја зголемите вашата сексуалната привлечност и да бидете неодоливи за спротивниот пол.

Ќе разгледаме неколку магични начини како да ја одржувате и зголемувате својата сексуална моќ на завидно ниво и како да му го завртите тлото под нозете на човекот до вас.

За да бидете секогаш секси, треба да го сакате сексот! Токму тоа ги привлекува најсилно мажите. Не срамете се од желбата ниту од тоа да побарате што ви треба – тоа е многу штетно и не оди во ваш прилог, ако го правите. Во сексот нема ништо срамно, забрането или неморално. Сексуалниот инстикт е еден од основните инстикти на полово зрелите луѓе. А потискањето на либидото води до внатрешна хистерија и надворешни пројави на агресија.

За да ги привлекувате мажите и да бидете секогаш посакувани треба да го познавате своето тело. А за да го сторите тоа нема забранети средства. Например познатиот окултист и магистер на орденот на темпларите Алистер Кроули проучувајќи ја сексуалната енергија препорачувал на адептите да практикуваат маструбација и еднополови врски, објаснувајќи дека на тој начин човек се запознава со своите скриени желби. И ерогените зони што е уште поважно.

Кроули тврдел дека имено на тој начин се ослободува сексуална магија која може да се користи и во обредите и за задоволување на сопствените физиолошки потреби. Затоа запознајте го своето тело, проучете го, обрнете внимание на тоа што ви се допаѓа и што не. Не плашете се да кажете на партерот што треба да направи за да ви достави поголемо уживање.

Ако вашиот секс партнер забележи дека вие лесно се ориентирате во љубовната игра тој ќе посака сам да ги најде најчувствителните точки по вашето тело. Тогаш сексот ќе биде не само задоволување на либидото, но и многу забавна еротска игра и доживување на многу повисоко ниво од физичкото.

Нешто повеќе – можете да акумулирате во себе сексуална енергија и да ја искористите понатака за магични практики или едноставно за привлекување на нови партнери со енергијата и сексуалната моќ што ќе зрачи од вас.

Ако научите како правилно да уживате во сексот, ако сватите дека преку сексот вие се ослободувате од негативната енергија и ја збогатувате својата сексуална моќ…што понатака во животот ќе ви биде многу полезна при освојување на спротивниот пол вие ќе прераснете во вистински секс богови на кои никој нема да може да им одолее. Извлечете го од сексот најдоброто за вас – секогаш грижете се да бидете пред се вие задоволни и исполнети, наместо да се прашувате дали му се допадноло или не на партнерот она што го правите. Препуштете се на вашата вродена женска интуиција со мислата дека имате секс зошто вие сакате и ви треба и ќе ја почувствувате таа огромна сексуална магија што секоја една од нас ја поседува. А колку ја користиме, зависи од нас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *