Можете и вие: 5 навики на жените што секогаш доживуваат оргазам

6 ноември, 20170
11

Иако на многу жени ќе им звучи невозможно – дека жената може за време на секој секс да доживее оргазам – тоа сепак е возможно. Два врвни експерти од оваа област откриваат како некои жени секој пат доживуваат оргазам. Ова се навиките на тие жени.

1. Редовно мастурбираат. Жените што редовно мастурбираат добро го познаваат своето тело и знаат кои им се „слабите точки“. „Тие знаат колкав треба да биде притисокот, кое треба да биде темпото и сите други детали за да доживеат оргазам“, вели д-р Френ Волфиш. Ако сами успеете да доживеете оргазам, поголема е веројатноста дека ќе успеете во тоа и за време на секс. „Ако знаете што ве возбудува, вашиот партнер може да го искористи тоа и да ви помогне“, вели д-р Џејн Грир.

2. Му посветуваат внимание на клиторисот. „На повеќето жени им е потребна стимулација на клиторисот за да постигнат оргазам“, вели д-р Волфиш. „Многу мал број жени успеваат да постигнат оргазам исклучиво со помош на стимулација на Г-точката“, вели таа.

3. Не брзаат за време на предиграта. „Многу е важна предиграта. Ви помага да се возбудите доволно за да можете да доживеете оргазам“, вели д-р Грир. Иако не постои строго правило, 20-минутна предигра би било идеално време. „Многу е важно постапно загревање – нежно бакнување, движење на рацете во правецот на вагината, но не и нејзино допирање… сè што ве возбудува треба да биде присутно во предиграта“, вели таа.

4. Тие гласно зборуваат. Што ви годи? Што би сакале најмногу за време на секс? Кажете му го тоа на партнерот. Ако се срамите, присетете се само дека тоа ќе му помогне. „Кажете му што ве возбудува, а што ве отпушта за да знае што да прави. За да не ви биде непријатно, кажете му ’Ми се допаѓа кога го правиш тоа’ или ’Тоа многу ме возбудува’“, советува д-р Грир.

5. Не размислуваат само за оргазмот. Иако звучи контрадикторно, треба да престанете да размислувате за тоа дека сакате да доживеете оргазам ако сакате да го доживеете секој пат. „Колку сте поотпуштени, толку полесно ќе постигнете оргазам“, тврди д-р Грир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi