На кои години сме сексуално најактивни?

11 септември, 20170
3

Истражувачите од Институтот Кинси се потрудија да најдат одговор на прашањето кога двојките се сексуално најактивни, а со тоа и колку секс имаат во просек луѓето во различни периоди од животот.

Според резултатите, истражувачите ги изненадил фактот дека младите луѓе од 18 до 29 години имаат во просек секс 112 пати годишно, што е околу два пати неделно.

На возраст од 30 до 39 години луѓето имале секс 86 пати годишно (1,6 пати неделно), а двојките во 40-тите имале секс 69 пати годишно.

„Како старееме се зголемуваат шансите од појава на некаква хронична болест што негативно се одразува на квалитетот и квантитетот на сексуалниот живот“, стои во резултатите од истражувањето.

Изненадува и фактот што истражувачите не ги вклучиле луѓето над 50 години во испитувањето.

Претходни истражувања што ги спровеле научници од Универзитетот Манчестер покажаа дека двојките на возраст од 50 до 90 години успеваат да одржуваат активен сексуален живот и покрај здравствените препреки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *