Неколку разлики помеѓу дечко и сопруг

19 јуни, 20170
9

Заедно сте подолго време, и одлично функционирате како дечко и девојка, едноставно сте идеален пар.

Толку сте заљубени што не можете да видите некои очигледни работи. Сепак, луѓето се многу променливи за некои работи. Некои од вас сигурно добро знаат на што мислиме, а некои сеуште немале такво искуство.
Подолу ви ги откриваме промените кои настануваат кај дечкото откако ќе стане сопруг.

Прва и голема разлика е тоа што дечкото сака да се “дружи”, додека сопругот сака секое слободно време да го поминува со вас. Тој сака да биде со вас поради вас самите.
Она што треба да го знаете е тоа дека разговорите со вашиот сопруг се суштински, интимни и длабоки, наспроти момчето кое ви раскажува приказни за други луѓе, ќе прави шеги со луѓето околу вас и ќе ви кажува вицови, бидејќи не може да се поврзе со вас на подлабоко ниво.
Со сопругот се карате помалку бидејќи момчето реагира на вашиот став, го сфаќа лично и ви возвраќа уште пожестоко сè додека тоа не прерасне во поголема расправија., наспроти тоа сопругот може да го разбере вашиот став и да ве смири.
На момчето вашиот изглед му е многу важен, тој обраќа многу внимание на изгледот и ќе ви зборува секогаш кога нема да бидете перфектно средени а сопругот разбира дека секој мора да има добри и лоши страни и нема да ве прекори ниту помалку ќе ве сака ако не сте совршено средени.
Сопругот го знае значењето на зборовите „Те сакам“ додека момчето ќе ви се “извини” само кога ќе сака да се разведрите и да прекинете да му досадувате, и ќе ви каже “те сакам” бидејќи не сака да ве изгуби, дури и кога не го разбира вистинското значење на овие зборови. Сопругот ќе ви рече “извини” само кога навистина ќе му биде жал за нешто, а “те сакам” само кога тоа навистина ќе го мисли, додека тоа ќе го покажува на дело константно.
Момчето не сака да ги запознава вашите пријатели, бидејќи сака што повеќе време да поминува со вас. Сопругот сака да му зборувате за своите пријатели и сака да ги запознае, како што сака и вие да ги запознаете неговите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi