Петте нивоа на неверството: Доколку некогаш сте изневериле, колку далеку сте отишле?

24 ноември, 20170
3

Тоа што за некого е неверство, за друг е само невина ситница. Некои за неверство го сметаат дури и онлајн разговорот, додека за други неверството е исклучиво од емоционална природа или спиење со друга личност додека си во врска со својот партнер.

Но, сите се согласуваат дека неверството и понатаму е табу тема. Од друга страна, личностите кои партнерот ги изневерил, веројатно веќе никогаш нема да можат да поминат преку тој чин на своите партнери, па многу врски пропаѓаат токму поради неверство.

Сепак, секој оној што изневерил, на крајот мора да се соочи со последиците на своето дело. А неверствата би можеле да се категоризираат на пет различни нивоа. Како функционира секое од нив?

Прво ниво: Лесно „фантазирање”

Иако си во долгогодишна врска посветена на партнерот, навистина си љубопитна личност, па често ти се случува да смислуваш сценарија и фантазираш за некоја друга личност која можеби само физички ти се допаѓа. Иако технички гледано не си го изневерил(а) партнерот, сепак на некој начин си поставил(а) темели за потенцијално неверство, бидејќи размислуваш за друга личност.

Вистина е дека ова е сосема нормална појава и дека сите како човечки суштества по природа сме љубопитни и сакаме да замислуваме сценарија кои моментално не ги живееме. Тоа не значи дека сме лоши личности и дека автоматски изневеруваме, туку значи дека сме само луѓе. А како луѓе, дозволено ни е да гледаме и замислуваме.

Сепак, доколку се фатиш во ситуација во која твоето фантазирање можеби ги преминува границите, ова претерано фантазирање може да биде знак дека нешто опасно ти недостасува. А тоа веќе е многу поголем проблем.

Второ ниво: Чисто физичка индискреција

Сте направиле нешто физички со друга личност која не е вашиот партнер, но тоа не е нешто кое однапред сте го планирале, ниту сте размислувале. Моментално се чувствувате ужасно штом ќе ви текне на тој момент, но тогаш едноставно не сте можеле да одолеете. Најважно од се е дека за вас тоа било исклучиво еднаш и дека сте сигурни дека нема да се повтори, а тој момент не планирате да го претворите во нешто повеќе, ниту планирате да направите нешто слично со друга личност.

Трето ниво: Емоционално неверство

Иако на некои ова ниво можеби не им се чини толку сериозно, многумина знаат дека емоционалното неверство е речиси немерливо во споредба со физичкото и дека боли многу повеќе. Доколку чувствувате емоции кон некој друг, разговарајте со парнерот. Доколку сметаш дека постои личност која ја сакаш повеќе, подобро е да ја прекинеш врската и да бидеш со личноста со која сакаш да бидеш. Но, ужасно е да се седи на две столчиња во исто време и да се прави будала од партнерот.

Четврто ниво: Повеќекратно неверство

Во филмовите често се портретирани оние успешни и моќни ликови кои дома имаат верна жена која ги сака и чека, а тие и покрај тоа ја користат секоја прилика да бидат со некоја друга личност. Ова не мора да биде маж, нормално. Во истата ситуација може да се најдат и жени. И не мора да станува збор за некој успешен и моќен, доколку ситуацијата ја преселиме во вистинскиот живот. Но, сфаќате за што говориме – тоа се сите оние луѓе кои откако еднаш ќе го изневерат партнерот, не застануваат, туку изневеруваат и понатаму, и понатаму…

До ова обично доаѓа кога нема да се совлада неверството од второто ниво. Не е секој создаден за врска само со еден партнер, но тогаш партнерот би требало да го знае тоа. Доколку двајцата се согласат на однос кој не е моногамен, тогаш е во ред, но не е во ред да правиш будала од партнерот кој не знае што му се случува зад грб.

Петто ниво: Вистинска афера

Доколку живееш двоен живот со два различни партнери во исто време, тогаш веројатно се работи за ова, петто ниво.

До ова ниво доаѓа кога на  време не постаувате граници и не размислувате за сопствените постапки. И ова е едноставно погрешно на многу нивоа, па дури и не вреди да се објаснува. Овде страда твојот партнер, страдаш и ти, а кога тогаш излегува на виделина, бидејќи ваквата афера сигурно не можеш да ја криеш засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *