Правилото 50-30-20 ако сакате пеперутките во стомакот подолго да траат!

6 април, 20170
3

Пеперугите во стомакот и насмевката која не слегува од лицето се „последници“ од штотуку започната врска, но за да потрае позитвиното чувство подолго време, постојат ситници на кои треба да припазиме.

Фазата на меден месец

Времето кое го минувате заедно е непроценливо за вас, но за фазата „меден месец“ да потрае подолго, важно е да не се изгубите себеси. Притоа не мислиме дека не треба да ги покажувате своите чувства и да не уживате во секој момент поминат заедно, но задржете некоја тајна и за себе, минете време со пријателите и не се откажувајте од работите кои ги сакате заради партнерот.

50-30-20

Експертот за врски Венди Атербери го предлага правилото кое се нарекува 50-30-20 . 50 проценти од времето издвојте го за партнерот, 30 проценти за пријателите и семејството, а 20 проценти за себе. Тоа е формула која ќе обезбеди здрав и успешен однос во кој сите ќе бидат задоволни.

Заборавете на SMS пораките

Првите знаци на несогласување не значат дека врската нема да успее, кавгите се дел од секој здрав однос, но SMS пораките не се пожелна форма на комуникација. Доколку сте наишле на ситуација во врска со која е потребно да се разговара, направете го тоа преку телефон или во четири очи. Доколку тоа ви претставува проблем, значи дека сте во врска со погрешна личност или не сте подготвени за врска – вели Венди Атербери.

Согласете се на компрмис, но не губете се себеси

Компромисот е составен дел на секоја врска, но притоа е важно да останете свои и не попуштате премногу. Доколку се согласувате со се’ што вашиот парнер сака, ставате лоши темели за идните расправи, вели Венди.

Не ги споредувајте поранешниот и сегашниот парнер

Не зборубајте за други мажи додека не сте сигурни во својата врска. Можеби ќе помислите дека вашиот сегашен партнер сака да слушне дека е подобар љубовник од поранешниот.

Појаснете му ги своите граници

Работите кои ви се непријатни парнерот лесно ги можел да ги потоклува како незаинтересиранот, но тоа многу лесно може да се реши со искрен разговор. Разговарајте отворено за нештата кои ги сакате и не ги сакате во кревет, како и дали ви пречи јавно разменување на нежности, предлагаат експертите за односи.

Не претворајте се дека вашата врска е повеќе отколку што навистина е

По кратко време поминато во врска, парнерот и вие можеби имате поинакви сфаќања за вашиот однос. Во ред е да се биде вљубен, но ако партнерот не го покажува тоа, тешко да го наговорите да почне, а со посесивното однесување може само да го оттргнете од себе. Времето ќе покаже дали да останете заедно, или да ја побарате среќата на друго место – вели Венди Атербери.

Продолжете да бидете среќна и независна жена

Ова е прв предуслов за успех во врската, морате да бидете своја, среќна и задоволна и вљубена жена. Ако се изгубите себеси, го губите и темелот за добра врска. Не се потпирајте на мажот како единствен извор на вашата среќа – нагласува Атербери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi