Разлики помеѓу водењето љубов и сексот

12 мај, 20170
Woman s Hand Squeezing Bed Sheet
Како едни од најпрекрасните активности во кои што можат да уживаат луѓето, секот и водењето на љубов имаат свои предности и “мани”, па во продолжение прочитајте кои се главните разлики помеѓу овие два љубовни акти.

Понекогаш на луѓето им е потребно да се почувствуваат сакано, а тоа се пренесува и во настаните помеѓу чаршафите, па наместо “див” секс, луѓето посакуваат нежности и внимание во спалната соба… Од друга страна пак, нежната љубов често може и да им досади на луѓето, па тогаш е потребно нешто што ќе ги разбуди страстите и дополнително ќе ја вжешти атмосферата помеѓу љубовниците.

Бакнување

Водење љубов: Експертите објаснуваат дека “трикот” е бавното одвивање на нештата, па таков е и случајот кога станува збор за бакнежите. Така, љубовниците се советуваат да започнат со нежни бакнежи кои полека ќе преминат во славното “бакнување на француски начин”.

Секс: Кога станува збор за секс, љубовниците можат да бидат и малку погруби, па така, партнерите можат да уживаат во пострасното бакнување додека телата полека се приближуваат едно кон друго и го најавуваат почетокот на “магијата”.

Соблекување

Водење љубов: Бавното меѓусебно расоблекување, дел по дел од облеката на партнерот, во случајот на водење на љубов значи и сензуално воведување во страстите, а експертите советуваат дополнително да ја затоплите атмосферата со нежно бакнување на секој дел од голата кожа која што ќе се покаже под облеката.

Секс: Брзото темпо на расоблекување дополнително ќе ги разгори страстите па така, не штедете ја облеката и ослободете се од “препреките” за незаборавен секс.

Реквизити

Водење љубов: За романтичниот секс да биде поинтимен, сконцентрирајте се на секое чувство и разбудување на секое сетило. Според експертите, одличен начин за тоа е ограничувањето во едно уживање, додека другото се зголемува, па така, еден од партнерите може да му ги заврзе очите на другиот, додека наизменично нежно го масира и бакнува.

Секс: Во овој случај нема ограничувања, па експертите советуваат максимално опуштање и разгорување на страстите со се што посакуваат партнерите, почнувајќи од “заробеничките лисици”, камерата, па се до кожните предмети.

Секси шепотење на уво

Водење љубов: Нежноста, сензуалноста и уживањето ретко кога можат да се опишат со зборови, но експертите советуваат дека не е погрешно доколку за време на овој интимен чин партнерите меѓусебно си велат “Ти си единствен/а за мене” или “Само тебе те посакувам”… Сето тоа дополнително ќе ја зголеми страста.

Секс: Кога станува збор за “див” секс, експертите го оправдуваат користењето на т.н. валкани зборови, но предупредуваат дека партнерите треба да знаат дали уживањето во користењето на овие зборови е обострано, односно дали тоа им се допаѓа и на нивните партнери.

Детали

Водење љубов: Според советите на експертите, со вклучувањето на нежни и внимателни движења во сексот, љубовниците ги поместуваат границите на интимност помеѓу себе, притоа уживајќи во врвното чувство на нежност и сензуалност.

Секс: Кога е сексот во прашање, експертите велат дека најважно е љубовниците да се одрекнат од сите инхибиции и да се препуштат во целосното уживање во страстите.

Положби и пози

Водење љубов: Кога станува збор за водењето на љубов, експертите велат дека најдобри пози и положби на телото се оние кои што ја зголемуваат интимноста, односно оние при кои е возможен контакт со очите и нежни допири.

Секс: Од друга страна пак, кога љубовниците уживаат во страстен секс, тогаш се е оправдано, секако, доколку и двајцата партнери се согласуваат со тоа. Така, доколку отсекогаш сте сакале да испробате одредена необична поза, кажете му ја вашата желба на партнерот и можеби уште вечерва сето тоа ќе го доживеете.

Оргазам

Водење љубов: Со оглед на тоа што станува за интимен чин исполнет со многу нежности, експертите велат дека партнерите ќе доживеат врвен оргазам преку бавното и длабоко дишење во комбинација со постојаните допири и непрекинатите погледи.

Секс: Според зборовите на експертите, нештата стануваат совршени во моментот кога партнерите ќе се опуштат целосно, ќе заборават на срамот и ќе се препуштат на сопствената и по малку безобразната фантазија на своите партнери.

Што по интимниот чин?

Водење љубов: Откако ќе заврши играта помеѓу чаршафите, легнете еден покрај друг и слушајте го срцебиењето на вашиот партнер.

Секс: Крајот на жешката игра завршете го со зборовите “Толку беше добро што веднаш би го повторил/а сето ова!”, па токму тоа и ќе направи вие и вашиот партнер со нетрпение да го очекувате следниот пат кога повторно ќе им се препуштите на страстите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *