Се вљубуваме само 4 пати во својот живот

27 април, 20170
8

Ние луѓето се вљубуваме само четири пати вистински во текот на својот живот, покажа најновата британска студија на оваа тема.

75% од учесниците во анкетата изјавиле дека се вљубиле барем еднаш пред да наполнат 20 години. А во просек создавањето семејство е на 27 годишна возраст.

Но над 40% од анкетираните признале дека избрале „втора класа“ затоа што човекот со кој создале семејство, не е оној кон кого имале најсилни чувства. 61% од учесниците изјавиле дека жалат што дозволиле единствениот/единствената да заминат  и дека оформиле семејство со друг човек.

Студијата покажала дека 33% од анкетираните склучиле брак со првата љубов. Се покажало исто така дека 41% се вљубиле во човек во кој не би требало да се вљубат, а половината од нив признале дека тоа им се случило барем еднаш во животот. 77% сметаат дека чувствата не можат да се контролираат.

Една третина од вкупниот број испитаници се убедени дека човек може да е вљубен во повеќе души истовремено.

Крајните резултати на оваа студија покажале дека во просек луѓето се вљубуваат средно 4 пати во својот живот и притоа сметаат дека точно тоа е вистинската љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *