Секс според нивото на вашите хормони

13 февруари, 20170
12

Дали знаете кога е вистинското време да го изненадите партнерот со некоја секси-играчка, кога вашиот оргазам ќе биде најинтензивен, а кога треба да се вовлечете по ќебе и само да се бакнувате и да се галите? 

1. ден: Јавнете го!
Благодарение на зголемените тестостерон и естроген, денес се расположени за акробатски пози. Ако бидејќи и клиторисот ви е особено сензитивен, позата на сески-јавачка во која можете самите да го одредите аголот на уживање е створена за вас.

6. ден: Флерт-искрички 
Нивото на естрогенот расте, очите посебно ви сјаат, а дури и гласот ви е малку повисок. Да, време е за флерт и за луди игрички в кревет. Наш предлог – костими и улоги!

10. ден: Утрински секс
На својот партнер предложете му утрински или секс во рано попладне бидејќи тогаш нивото на тестостеронот е највисоко.

12. ден: Валкан разговор
Се чувствувате прекрасно во своето тело, имате самодоверба и храбри сте – вистинско време да му кажете што ве возбудува в кревет. Слободно премолчете го фактот дека во средината од циклусот многу од нас фантазираат за секс со непознат маж.

13. ден: Само 5 минути!
Ако барате ден кога би можеле да направите нешто лудо, да ризикувате и да го импресионирате партнерот – тоа е денес. Испробајте некоја нова играчка или секс на јавно место. Да, ова е и совршен ден за секс набрзина.

14. – 16. ден: Оргазмот е ваш
Не знаеме какви ви се актерските способности, но денес можете да се опуштите бидејќи, според нивото на вашите хормони, во овие три дена најлесно ќе доживеете оргазам.

19. – 22. ден: ТВ-вечер
Што да кажеме освен – овие денови сексот ви е драг само ако е на ТВ-екранот. Слободно опуштете се покрај партнерот и уживајте во галење и во бакнежи. И секако, во тоа што вашето тело лачи оскитоцин, хормон на љубов и на врзување.

24. – 26. ден: Долга предигра
Под услов се уште да не сте добиле нервен слом или не сте убиле некого поради лошото расположение, ви предложуваме секс. Искористете го тоа што токму денес вагината ви е набрекната од крв и е многу осетлива, а оргазмите се поинтензивни. Но подгответе се за долга предигра бидејќи малку повеќе време ќе ви треба за да свршите.

27. – 28. ден: Помош, молам!
Се е в ред ако земете неколку дена пауза, но ако и понатаму сакате акција, на ноќната масичка ставете некој лубрикант бидејќи овие денови естрогенот, кој инаку е задолжен за влажноста, е многу низок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi