Секс за време на оние денови

8 ноември, 20170
8

Немојте да се срамите од својата менструација. Доколку ни вас ни на партнерот не ви смета, сексот може да ги намали болките за време на менструацијата. Најважна е хигиената, а останатото препуштете го на фантазијата.

Иако многу девојки се срамат поради својот менструален циклус и не практикуваат да имаат секс, токму сексот може да ви помогне да се намалат болките. Секако, треба да посветите внимание на неколку работи за и вие и партнерот да можете да се опуштите и да престанете да размислувате на циклусот, поточно крвта.

Потребен ви е пешкир и контрацепција, поточно кондом. Иако многу веруваат дека за време на циклусот неможете да затрудните, токму тоа верување доведува до несакана бременост. Исто така, за време на циклусот жените се изложени на инфекции, па не се препорачувасекс надвор од спалната соба.

Оргазамот е тој кој ги намалува менструалните болки. Но сепак, може да се случи и спротивното, затоа што вагината за тоа време е чувствутелна. Ако почувствувате чудна болка, прекинете го односот, затоа што тоа значи дека пенисот навлегол многу длабоко.

Најдобра поза за секс за време на менструацијата е мисионерската, одностно кога женското е доле, а машкото горе. Тоа може да го спречи претераното течење на крв и помали се шансите дека партнерот може да отиде толку длабоко за да почувствувате болка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *