Што се случува со нас кога сме вљубени?!

4 декември, 20170
13

Во мозокот беснее вистинска хемиска бура! Средбата со „вистинскиот“ предизвикува толку моќен бран енергија, што ве тера да гледате на светот со нови очи. Во почетната фаза на љубовта се наоѓате во друга димензија.

Срцето и умот живеат во свој свет и се изолирани од се и од сите. Тоа е познатиот феномен наречен „празна глава“ каде единствените мисли водат до него или неа и до желбата да бидеме заедно.

Вљубените гледаат на животот само позитивно и сосема несвесно се залажуваат еден со друг, исклучувајќи ги сите реални недостатоци на другиот. Во оваа фаза наречена „заблуда“ мажите се тие кои се склони да се представуваат за нешто поразлично од реалното. Дамите пак многу полесно прават компромиси со себе и се спремни да се менуваат. Во периодот „розови очила“ го изолираме секој сомнеж на разумот, односно речиси и не постои.

Исто како и со наркотиците, во еден момент, најкасно после година, нивото на хормоните се враќа на нормала и љубовната идила тргнува кон својот природен крај.

Тоа е моментот поврзан со првата голема криза, зошто токму тогаш го гледате партнерот реално и најчесто сваќате дека не го познавате или пак си мислите дека тој се променил. Оваа фаза е многу деликатна. Никој не е виновен, но секој од вас е во шок од сигналите на реалноста.

Накратко љубовта е како добро предјадење. Започнувате од волшебството на вкусот кој ги стимулира сетилата, маѓепсани сте и вашата фантазија е спремна да ја порача следната порција. На крајот од емоционалната вечера доаѓа сметката, која ве враќа во реалноста. Но ако решите да ја платите, имате шанси да продолжите заедно како пар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi