Што значи бакнежот со отворени очи? Бидете внимателни со луѓето кои бакнуваат така!

7 март, 20170
000

Тука треба да направиме едно појаснување. Ако ви ја бакнува раката или стомачето и ве гледа во очи, значи дека сака да ужива во моментот.

Но ако станува збор за француски бакнеж и тој е со отворени очи, значи дека тој е гледач, а не учесник. Бидете внимателни со таквите мажи! Тие не секогаш ќе ви го дадат она што го очекувате од нив.

Бакнеж на вратот

Тоа значи – Те посакувам! Имајте во предвид дека не е задолжително тој да има силни емоции кон вас, за да сака да правите секс. Значењето на овој бакнеж повеќе е знак на неговите интимни желби.

Бакнеж во уста

Освен во случаите кога бакнежот се состои од сосема кратко и нежно допирање на усните, ова е знак за силни чувства, па дури и љубов. Ако бакнежот е длабок, долг и учествува јазикот, бидете сигурни дека навистина му значите нешто. Така мажот сака да ти покаже – Јас сум само твој!

Бакнеж по очите

Ова е многу интимен момент на нежност и загриженост. Но тоа не значи дека тој маж има романтични намери. И сепак бидете фини со овие луѓе, зошто тие навистина ви мислат добро. Дури и да не ви одговараат на чувствата како што вие сакате.

Бакнеж на увото

Овој бакнеж, како бакнежот на вратот е израз на страст. Особено ако е вклучен и јазик. Тоа значи дека сака секс!

Бакнеж на раката

Најпрво овој бакнеж е знак на респект! Ако сте во романтична врска со маж и тој ви ја бакнува раката, треба да знаете дека навистина има силни емоции за вас и дека ви се восхитува.

Бакнеж на образот

Овој бакнеж пред се е израз на пријателски чувства и намери. Се разбира, мажот кој ве сака и со кој сте во врска, исто така може да ве смета и за пријател. Но општо кажано во овој бакнеж има љубов, подршка, разбирање и сочувство…Но не и страст! А тоа не го прави овој бакнеж помалку важен зошто искрените пријателски чувства се многу поважни од страстта.

Долг бакнеж

Долгиот бакнеж, независно каде, значи дека овој маж ужива во интимната атмосфера, го возбудувате, пријатно му е, а можеби и ве сака! Затоа ве советуваме искористете ги максимално овие моменти бидејќи се неповторливи!

Брз бакнеж

Ако бакнежот е краток, тоа е знак за незаинтересираност, дури и обврска. Но може и да се однесува само за конкретниот момент, а не за неговите чувства во целина. Човекот можеби ве сака, но токму сега не му е дојдено до нежност и романтика. Лошо е само, ако често ве бакнува вака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *