25 февруари, 2017

Радио

Најдобри вести што ги чувме цел ден.

Секој ден, дури и без да рамислувате за тоа, правите секакви работи за кои е научно докажано дека  помагаат во подобрување на вашата меморија. Ова е точно за утринското кафе, вежбањето на пладне и лососот за вечера што го имавте. И сега, според ново истражување, можеби постои уште еден зачудувачки (и возбудлив!) начин да ја подобрите меморијата – и тоа е имањето секс.

Да, добро прочитавте: Со неодамнешна студија, објавена во Архивите на сексуално однесување, истражувачите откриле поврзаност меѓу имањето повеќе секс и имање подобра меморија, посебно кога станува збор за препознавање на зборови. Во оваа конкретна студија, жените кои често имале пенетративен секс покажале знаци на подобра вербална меморија отколку помалку „зафатените“ жени.

За да ја спроведат студијата, истражувачи од Универзитетот МекГил прашале 78 жени на возраст помеѓу 18 и 29 години да пополнат прашалник за нивното сексуално однесување и други животни фактори пред да запомнат случајни зборови и слики од лица, кои им биле претставени на компјутер. Потоа учесничките разгледувале нови и стари фотографии и им било зададено да ги идентификуваат зборовите и лицата кои им биле покажани претходно.

Откако ги анализирале резултатите, истражувачите приметиле интересна врска: жените кои пријавиле дека имаат вагинален секс почесто биле значително подобри во помнење на зборовите кои претходно им биле покажани отколку жените кои пријавиле дека имаат помалку секс.

Истражувачите не пронашле врска помеѓу фреквентност на секс и памтење лица и тие веруваат дека ова може да е поради тоа што пенетративниот секс, за разлика од други видови на сексуална стимулација, може да помага во неврогенезата (развојот на нови мозочни клетки) во хипокампусот, дел во мозокот кој е поврзан со памтење на  зборови.

Студијата ја проучувала само краткотрајната меморија, но авторот на студијата, Др. Јенс Пруснер, вели дека верува дека „ефектите на долготрајната меморија треба да се слични“. И станува уште подобро: иако ова не беше дел од студијата, Пруснер вели дека сексот може да помогне во подобрување на други когнитивни функции кои се централизирани во хипокампусот, како просторната навигација.

Но, ова откритие не значи дека сексот ќе ви ја подобри и фотографската меморија. Студијата имала и неколку ограничувања, вклучувајќи го и фактот дека била мала студија и податоците за сексуалното однесување биле пријавени од самите учеснички, па така потребно е повеќе истражување.

Сепак, ова може да е добар изговор да се забавувате повеќе во спалната соба.

Остави коментар

Почетна // живот // љубов и секс // Студија открива врска меѓу имањето повеќе секс и подобра меморија
Горе