Вие мислевте дека врската е прекрасна, но не и тој…

13 јуни, 20170
3

Ненадејно престанал да се однесува како порано и не можете да допрете до него. Голема е веројатноста тој да не ве сака повеќе.

Еве зоштосе случило тоа:

Луѓето се менуваат

Не може да се надевате дека човекот до вас ќе остане секогаш непроменет. Можеби вашиот партнер сфатил дека не сте негов тип. Надминете ја депресијата која ве обзема и сетете се дека постои некој кој ќе ве направи среќна.

Тој повеќе не ви верува

Сте поминале низ лош период од врската со кој сте допридонеле тој да ја загуби довербата во вас. Тоа е повеќе од доволна причина тој да не ве сака повеќе. Обидете се да ја повратите довербата назад, но доколку не ви оди, заборавете го.

Лоша комуникација

Во последен период не сте можеле да разговарате како порано. Немате заедничка тема на разговор и тоа е доволно тој да посака да знапознае личност која ќе му одговара повеќе од вас.

Недостаток од возбуда и забава

Не сте се труделе да внесете возбуда и забава во вашата врска. Доволна ви била тивката монотонија која ви давала сигурност. Но, тој не се задоволувал со тоа и престанал да ве сака. Не правете ја истата грешка во наредната врска. Секој сака да прави нешто ново и да се почувствува освојуван од партнерот.

Различни соништа и цели за во иднина

На почетокот на врската сте планирале заеднички одмор, живеење заедно или пак брак. Но, вашиот сакан не го интересира тоа повеќе бидејќи можеби неговите соништа и цели се промениле и сфатил дека не може истите да ги оствари со вас.

Љубомора

Тој бил љубоморен, а вие тоа сте го гледале како знак на неговата љубов. Сте додавале масло на оган пробувајќи да го направите уште повеќе љубоморен со флертување со други момчиња. Ставете се во негова кожа и ќе разберете зошто тој не ве сака повеќе. Запомнете дека љубомората е непријател на секоја врска.

Големи животни промени

На двајцата ви се случиле големи животни промени кои ве промениле како личност вас, а и вашата љубов.

Помирете се со фактот дека врската нема повеќе да функционира исто. Доколку двајцата одлучите да се борите повторно за својата љубов, во ред, но доколку тој ви покажува дека не ве сака повеќе, заборавете го.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *