Времето носи мудрост, а брзината грешки

4 април, 20170
11

Сигурно и вие сте помислиле некогаш: „ О Господе, тоа е човекот!“ во рамките на неколку дена или седмици, откако сте се запознале со некој маж? Проблемот што се залетуваме толку брзо е не дека се вљубуваме поради самиот човек, бидејќи реално не го познаваме сеуште. Се вљубуваме во самата идеја за идеалниот маж, надевајќи се дека тој човек ќе биде.

Еве неколку знаци кои ќе ви покажат дека и со вас се случува тоа:

Вие сте како опседната, неможете да престанете да мислите и да зборувате за него,

Вие сте во постојан контакт, разговарате, пишете смс –и , или мејлови, секој ден, дури и почесто,

Вие сте често заедно, минувате заедно неколку вечери неделно и сте заедно речиси цел викенд,

Вие не можете да се оделите од него, набрзо доаѓа времето да се најдете заедно во кревет, обземени од страстта и романтиката.

Всушност, кога се вљубувате премногу брзо, правите грешка и го вклучувате тој човек во својот живот, пред да знаете дали е вистинскиот. Ризикот? Ризикот е дека реалноста нема да се совпадне со вашите очекувања за него. И обично после неколку месеци, а и порано идеалната верзија на големата љубов се распаѓа на прав и пепел, бидејќи и двајцата откривате кои сте всушност. После следува скршеното срце.

Решението: успорете го темпото!

Ја знаете старата поговорка за брзата кучка, нели? Тоа е така, затоа што вистината е дека времето носи мудрост, а брзината опасни грешки.

Всушнест единствениот клуч кон успехот е да го забавите темпото на навлегување во посериозните односи. Чувствата се неверојатно нешто, но таа љубовна магија во почетокот всушност ве одалечува од реалността, го предизвикува земањето на решенија кои најчесто не се во ваш интерес и ве носи во нереалното пространство на краткотрајните страстти.

Во приливот на новиот љубовен бран, вие сигурно ќе сакате да ја поминувате секоја слободна минута заедно. Но нели знаете, дека мажите се ловци и најчесто кога ќе го уловат пленот веќе се заситуваат? Затоа вие треба да си го сочувате своето лично пространство, за да можете да ја прецените објективно ситуацијата, без да станувате зависни од неговото присуство.

Но ако започнете да контактирате премногу често, вашиот нов човек станува централен дел од вашиот живот, дури пред да знаете дали заслужува.

Брзајте бавно, зошто само тогаш ќе ја сочувате искрата на новата врска и ќе имате реален поглед на ситуацијата и на она што се случува. Создајте вистинска љубов, бавно но разумно! Бидете побрза и подалеку од ловецот, за да бидете долгопосакуваниот плен!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi