Зошто е важно секоја жена да му се восхитува на својот маж

12 јуни, 20170
11

Ако сакате вашиот сопруг да продолжи  да ве сака и по долги години брак мора да му покажете колку го цените и му се восхитувате. Секој маж има потреба од фан клуб, чиј претседател е неговата жена!

Восхитувајте му се на изгледот

Што беше последното нешто што му кажавте, пред да излезе на работа ова утро?

– ” Ме боли глава!” – рече една пријателка.

Никогаш не оставајте мажот да излезе од дома без да го прегрнете и да му кажете да има убав ден… Или да го пофалите за тоа што го облекол. Тој нема да го заборави ова во текот на целиот ден. Со комплиментите наутро вие ја заздравувате врската.

Восхитувајте се на неговите способности и таленти

Пробајте да бидете заинтересирани за приказните и случките кои се поврзани со неговата работа. Охрабрете го и мотивирајте го за нешто што е поврзано со неговата професија. Секој маж има потреба од пофалба, без разлика дали е механичар, вешт во компјутерите, супер математичар, бизнисмен. Убаво е кога знаете дека покрај себе имате партнер кој ви е поддршка.

Восхитувајте се за некои негови карактерни особини

Ако вашиот маж е одговорен, искрен, точни, морален, чесен, изразете го тоа!
Посветен ли  е на работата?
Храбар ли е во тешките мигови?
Носи ли плата дома?
Подготвува ли храна?
Се грижи ли за децата?
Ви помага ли во домот?

Потсетете го дека се заљубил во жена која го натерала да се чувствува посилен, поспособен, посекси, поинтелигентен отколку што се чувствувал некогаш. Кога тој не се чувствува на овој начин додека е со жена си, почнува да обрнува внимание на другите жени. Тука лежи причината за сите неверства. Веројатно не е вљубен во другата, едноставно копнее за чувството кое го добива додека е со неа.

Повеќето афери не почнуваат од сексуални причини, туку од  емотивни. Восхитувајќи се на вашиот партнер, вие ја негувате неговата самоувереност дека може да се справи со секоја ситуација, дека е силен, успешен, голем, и дека е ВАШ херој!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *