Зошто мажите не ја сакаат мисионерската поза?

17 ноември, 20170
6

Оваа класична секс поза можеби е омилена на многу жени, но не котира високо на листата посакувани пози за мажите.

Далеку од тоа дека позата е лоша и не значи дека сите мажи не ја сакаат, но ова се пет причини зошто мажите се изјасниле дека не ја сакаат мисионерската поза:

Нема многу за гледање: Во оваа поза мажот целосно го покрива телото на жената и нема многу за гледање, а мажите се визуелни суштества и тоа ги возбудува.

Мажот прави сѐ: Мисионерската поза можеби е омилена за жените бидејќи нема многу „работа“ за нив. Мажот е речиси целосно активен во оваа поза, што може да биде многу заморно, особено ако немате многу енергија.

Класика: Во овој случај, зборот класика има негативен призвук. Мисионерската поза може да стане здодевна, а никој не сака здодевен секс.

Што со рацете? Мисионерската поза, како што рековме, целосно го „окупира“ мажот и мора да се потпира на рацете за да се балансира. Тоа значи дека нема многу можност за допири, а тоа е прилично силен стимуланс за мажите.

Гримаси: Можеби оваа поза е препорачлива за поголема интимност меѓу партнерите бидејќи може да се гледаат в очи за време на сексот, но тоа исто така значи дека мора да се внимава на секоја гримаса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *