Еве каков модел на фустан ќе биде во мода оваа пролет

10 февруари, 20170
3

Нешто што одвај чекаме да го видиме како го носат и нашите девојки

Познатата манекенка и ИТ девојка Бела Хадид во последно време се почесто е во медиумите поради нејзиниот беспрекорен стил. Таа речиси секогаш носи фантастични парчиња, а така беше и овој пат кога се прошета во фустан од тексас кој според зборовите на модните гуруа најверојатно ќе биде еден од клучните трендови за оваа пролет. Станува збор за парче кое преку ден можеме да го носиме со опуштени рамни обувки како што се балетанки и мокасинки, додека навечер, со додавање на вистинските модни додатоци (сандали со високи потпетици, тренди чанта и јакна!) многу лесно ќе добиеме опасна пролетна комбинација.

Што се однесува до Бела, таа овој модел кој е составен од корсет и долго здолниште со А крој го носеше во комбинација со неутрален градник, чокер огрлица и црни сандали со тенки ремчиња и потписот на Стјуарт Вајцман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *