Еве какви блузи и кошули ќе бидат во мода оваа сезона

12 мај, 20170
8

Популарните off-the shoulder кошули се уште котираат високо кај познатите светски трендсетерки и ИТ девојки, но и на полиците на бројни комерцијални брендови за оваа сезона. Познатата трендсетерка Оливија Кулпо деновиве на Инстаграм објави фотографија на која носи одличен пролетен стајлинг во кој доминира токму една ваква кошула од брендот Tularos. Кошулата ја носи во комбинација со шик фармерки со должина која е популарна за оваа сезона, сандали од Barbara Bui и чанта од Chloe која пред само неколку месеци беше вистински хит на социјалните мрежи. Па доколку сакате да го позајмите овој стајлинг, обидете се вашата кошула или блуза со голи раменици да ја комбинирате на малку поинаков начин. Во спротивно ќе бидете само добра Инстаграм копија на прекрасната Оливија Кулпо!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi