18 јуни, 2018

Радио

За да го изберете најсоодветното зимско палто оваа сезона, најдобро е да не ги слушате само модните тенденции, туку и сопствената интуиција. Освен тоа, моделот треба да се согласува со вашата возраст и стил. Како и со формата на вашето тело, бојата што најдобро ви прилега, бојата на косата и слично.

Денес дизајнерите бараат инспирација во минатото, создавајќи колекции, типични за 60-те години од минатиот век.  Оваа година ќе се модерни токму овие палта. Независно дали ќе бидат куси или долги, повеќето ќе бидат во светли бежови нијанси и задолжително ќе се од волна.

Ако сте со низок раст подобро изберете пократко струкирано палто кое ќе ви ја издолжи фигурата.

За оние покрупните предлагаме палто со слободни линии кое надолу се проширува и не ја оцртува линијата на телото, кое идеално се комбинира со тесни панталони или цевка фармерки. Еве ги нашите предлози кои сигурно ќе ве инспирираат при вашиот избор.

 

Остави коментар

Почетна // живот // мода // Како да го изберете идеалното зимското палто? Погледнете на што треба да внимавате!
Горе