Неколку начини како да носите долг фустан

5 јуни, 20170
13

Во последно време во мода се долгите фустани кои можат да се носат и преку ден, и навечер. На љубовен состанок, во ноќен клуб или на прошетка со пријателките – овие фустани се одличен избор кој не бара големо внимание, а дефинитивно остава впечаток. Сепак, постојат неколку правила кои треба да ги знаете доколку сакате да носите ваков фустан.

Долг фустан и штикли

Доколку направите ваква комбинација ќе изгледате неверојатно женствено и секси, а и повисоко затоа што долгите фустани ги издолжуваат нозете и ги покриваат штиклите.

Асиметричен фустан

Доколку не сакате целосно да ги сокриете нозете, асиметричните фустани се одлично решение. Предниот дел на фустанот е краток, а задниот долг, со што вашите нозе ќе можат да се видат. Одлично прилега на секаква конструкција на тело, а истовремено изгледа многу оригинално.

Долг фустан со принт

Светлите и привлечни принтови можат да ја оживеат која било комбинација. Тие инстантно создаваат неверојатен изглед и уникатен стил. На ваков фустан со шарен принт би одговарале различни модни додатоци како шешир.

Долг фустан со кожна јакна

Сакате единствена и храбра комбинација? Пробајте да додадете кожна јакна на долгиот фустан. Покрај тоа, со кожните јакни одлично одговара и силна шминка – туш, темна сенка и темен кармин. Без сомнение ќе бидете (рок) ѕвездата на вечерта!

Долг фустан со ремен

Долгиот фустан со ремен ќе ги потенцира вашите колкови и половина. Доколку сакате да го избегнете ова, изберете долг фустан со висок шлиц кој ќе ги истакне вашите нозе.

Долг фустан со текас јакничка

Тексас јакничката е одличен додаток за долг фустан доколку времето е поладно. Оваа комбинација ќе направи да изгледате свежо и помладо. Бојата на тексасот е неутрална и одговара со секаков тен. Нема да погрешите!

Долг фустан со патики

Многу луѓе сè уште мислат дека ваквата комбинација е чудна и веруваат дека патики треба да се носат само со спортски комбинации, а не со фустан или сукња. Но, правилата во модата се менуваат. Во денешно време ваква комбинација на патики со фустан стана секојдневие. Совршена за жените кои не се љубители на високи потпетици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi