Нурнете се во модата на тиркизната боја

17 август, 20170
7

Велат дека омилената боја го открива вашиот карактер, а во овој текст предност ѝ даваме на тиркизната боја, барем што се однесува до летната мода. Затоа, ако тиркизната е и ваш избор, во неа ќе зрачите со мир и спокој, таа го ублажува чувството на осаменост и на стрес, но помага и во размислувањето, донесувањето одлуки и во организациските способности. 

Облеката во тиркизна боја прекрасно му одговара на потемнетиот тен, па затоа таа е идеална за на лето. Ако планирате наскоро да одите во шопинг и ако ја сакате тиркизната, наполнете го плакарот со фустани, туники и со панталони во таа боја. Оваа сезона особено се популарни фармерките во боја, па нема да згрешите ни со тоа парче облека. Облеката во тиркизна боја можете да ја носите речиси со секоја неутрална боја, а најдобро изгледа во комбинација со бела или со тексас. Во врска со модните додатоци, сите додатоци во тиркизна боја се исто така добредојдени. Накитот, чевлите или некоја интересна чантичка во тиркизна боја прекрасно ќе ја надополнат секоја неутрална комбинација.

Наш моден предлог е долг тиркиз-фустан идеален за летните романтични прошетки, а ако биде малку постудено, можете да го комбинирате и со тексас-јакна или со некое потенко класично сако. Што и да изберете, нема да згрешите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi