Плисе здолништа за оваа есен
9 ноември, 20170
Најпожелните парчиња од овој модел ни пристигнуваат во металик нијанси, но ако не сакате да се истакнете на овој начин одберете класични бои и материјали.
Сукњата со набори одлични прилега и со формални и со лежерни комбинации, а модните блогерки обожаваат да ги носат со бели патики.
Наборите на сукњата и даваат посебна форма која прави сукњата да се лелее околу вас и ќе се чувствувате како вистинска ѕвезда. Се носат во сите должини, а најчести се до колена или миди.
Одлично одат во комбинација со bomber јакна, а бунтовнички изглед ќе постигнете ако ја носите со кожна јакна.
Исто така одговара со се од тенки маички па се до џемпери како и со патики така и со високи потпетици.