Се­дум мо­де­ли на јак­ни што ќе ги обе­ле­жат кра­јот на зи­ма­та и по­че­то­кот на про­лет­та

10 март, 2017
4

Еле­гант­на или ве­чер­на јак­на

files-1-2

Ток­му ка­ко кла­сич­ни­от ка­пут, та­ка и еле­гант­на­та јак­на е не­што што мо­же да го об­ле­че­те или да го на­мет­не­те и да го но­си­те це­ла ве­чер, во за­вис­ност од тоа ка­де сте из­ле­зе­ни. Кро­е­на ка­ко пал­то, но мал­ку по­дол­га, оваа еле­гант­на јак­на е иде­ал­но пар­че об­ле­ка за си­те по­мал­ку фор­мал­ни и све­че­ни при­го­ди. Во ком­би­на­ци­ја со фар­мер­ки и со чев­ли со ви­со­ки пот­пе­ти­ци, мо­же да се но­си и во по­от­пу­ште­но из­да­ние.

Пре­го­ле­ма јак­на

files-2-1

Оваа јак­на ја има­ше во но­ви­те ко­лек­ции на Але­ксан­дер Ванг. Ма­те­ри­ја­лот што до­ми­ни­ра е нај­лон, што ова пар­че об­ле­ка го пра­ви иде­ал­но за де­но­ви­те ко­га има ве­тер во по­че­то­кот на про­лет­та. Неј­зи­ни­от об­лик, од дру­га стра­на, ви да­ва сло­бо­да да се об­ле­че­те и во не­кол­ку сло­е­ви ако за­сту­ди. Иде­ал­на е за спорт­ски актив­но­сти, па­ту­ва­ња и за си­те тие оми­ле­ни ком­фор­ни из­да­ни­ја.

Јак­на во сти­лот на 70-ти­те го­ди­ни

files-3-1

Оваа де­ка­да и по­на­та­му е ед­на од нај­инс­пи­ра­тив­ни­те во мод­ни­от свет. Мо­да­та од се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни но­си ин­те­ре­сен де­зен, впе­чат­ли­ви бои и ин­те­рес­ни кро­е­ви.

Но­ва мо­тор­џи­ска јак­на

files-4-1

Мо­тор­џи­ска­та јак­на­та вле­зе во мод­на­та кла­си­ка уште пред не­кол­ку го­ди­ни и тоа под име­то „ма­ла цр­на јак­на“. Но, дој­де вре­ме­то тоа мал­ку да се сме­ни. Мо­де­лот е ист, ка­ко и де­та­ли­те, бо­ја­та, но си­лу­е­та­та се ме­ну­ва. Кро­јот што ја сле­ди ли­ни­ја­та на те­ло­то се за­ме­ну­ва со ра­мен крој.

files-5-1

Јак­на со ефект­ни ра­ка­ви

Ми­на­та­та се­зо­на во тренд беа ко­шу­ли­те со ефект­ни ра­ка­ви, се­га тие им го от­ста­пу­ва­ат ме­сто­то на јак­ни­те. Се но­сат ко­же­ни јак­ни со крз­не­ни ра­ка­ви, по­тоа со ра­ка­ви укра­се­ни со мно­гу кар­не­ри, со на­бра­ни и наг­ла­се­ни ра­ме­на.

Ве­штач­ко крз­но

files-6

Јак­ни­те од ве­штач­ко крз­но се кра­тки, а во тренд се тие што има­ат дол­го влак­но и се со не­у­трал­на, од­нос­но впе­чат­ли­ва бо­ја, за­ви­си кој стил го пре­фе­ри­ра­те. Тие со кра­тко влак­но има­ат ин­те­рес­ни де­та­ли.

Но­ва те­ксас-јак­на

files-7