Тренд кој ќе доминира на улиците оваа пролет

3 март, 2017
14

Овие парчиња наскоро ќе ги гледаме насекаде околу нас

Еден од најпопуларните трендови на ревиите во Милано, Лондон, Париз и Њујорк за време на претставување на колекциите за следната пролетна сезона беше сјајниот винил (vinyl). Имено станува збор за материјал со интересна текстура и истакнат сјај кој е поврзан со некој потполно поинаков свет и кој беше мошне актуелен во 80-тите и диско ерата.

Познатите дизајнерски имиња како што се Kenzo, Lanvin и Saint Laurent во своите колекции претставија најразлични парчиња од овој мрачен, сексапилен и сјаен винил (PVC). Тука мислиме на преубавите пролетни капути, здолништа со А крој, панталони со skinny и цевка крој, фустани и чизми кои преку магијата на овој материјал се претвораат во екстравагантни парчиња кои секоја ИТ девојка би сакала да ги има во своите плакари.