Тренд за сите четири сезони: металик-чевли
21 август, 20170
Според понудата на продавниците, идните студени и топли сезони сите очи ќе бидат вперени во нашите чевли во прекрасни бои, со металик-сјај или со анимал-принт. Едно им е заедничко – чевлите оваа година привлекуваат внимание и погледите ги насочуваат кон нашите нозе.
Металик-моделите доминираат на полиците уште од почетокот на оваа топла сезона, а овој одличен тренд продолжува и во наредните студени сезони. Без разлика дали барате чизми, сандали, балетанки или машки модели на чевли, оваа есен купете ги во металик-златна, сребрена или беж-боја.
Овие нијанси на чевли идеално одговараат со сите бои, ги освежуваат комбинациите, а откачените и лежерните комбинации ги претвораат во елегантни и софистицирани стајлинзи.