3 работи што треба да ги направите пред миење на косата

9 октомври, 20170
5

Пред да ја натопите косата и да започнете со миење, постојат многу работи што можете да ги направите за здравјето и убавината на косата. Со едноставни постапки вашата коса ќе биде сјајна и прекрасна. Ви откриваме што се можете да направите за вашата коса пред миење. 

Третманот со врело масло пред миење на косата секогаш е добра идеја. Не само што ќе направи косата да ви биде сјајна, туку и здрава. Измешајте два вида масло – бадемово и маслиново. Во маслата можете да додадете и капсули од витамин Е за да го спречите опаѓањето на косата. Загрејте го маслото и со него нежно масирајте го темето, па постепено нанесувајте го маслото се до врвовите на косата. Косата завиткајте ја во фолија, потоа со крпа и оставете да дејствува 20 минути.

Косата никогаш не ја мијте со врела вода бидејќи ќе биде груба и сува.

Времето пред миење е одлично за негување на косата, па затоа почестете се со хранлива маска. Измешајте јајце и јогурт и смесата нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 20 минути, па измијте ја косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi