Домашен третман: Направете сами средство за “бришење” на стриите

7 март, 20170
2
Конечно пронајдовме вистинско решение за елиминирање на стриите. Ова средство се прави едноставно, а ако редовно се употребува, ќе ви донесе фантастични резултати.

Стриите најчесто настануваат како резултат на брзо растегнување на кожата или при нагли промени на телесната тежина.

Покрај тоа, некои од најчестите причини за настанување на стрии исто така може да бидат и хормонските промени коишто вообичаено настануваат во текот на пубертетот, бременоста или интензивните вежби на справи.

Стриите формирани во текот на бременоста, вообичаено во текот на последното тромесечие, го опфаќаат делот околу стомакот, градите, бутините, колковите и задникот.

И колку и да ви делува невозможно, сепак постои начин со чијашто помош може да се ослободите од овие досадни лузни, но сепак мора да напоменеме дека за тоа е потребна голема упорност и редовна нега.

Ви претставуваме природен рецепт којшто прерасна во вистински хит во светот, а којшто се прави исклучиво едноставно.

Состојки:

● 1 мала лажичка бел шеќер
● 1 мала лажичка рицинусово масло (може да го замените со маслиново или кокосово)
● 1 капсула витамин Е

Упатство:

Измешајте ги сите состојки и добиената смеса сипете ја во стаклен сад и оставете ја да отстои во фрижидер една до две недели. После тоа аплицирајте од средството на зафатените подрачја со стрии, а потоа, со помош на остра четка, со кружни движења измасирајте.

Средството може да го мачкате секој ден, а масирањето нека трае отприлика околу 5 минути.

https://www.youtube.com/watch?v=WDcaopI7_jk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi