Дознајте како побрзо да ви порасне косата

29 август, 20170
10

Редовното шишање и чешлање на косата помагаат таа побрзо да расте. Денеска на пазарот постојат и разни препарати кои ветуваат брзо растење на косата, но ние сепак ви ги препорачуваме 6-те природни постапки за како побрзо да ви порасне косата.

  1. Редовно чешлање – би било најдобро доколку имате време и со четката за коса поминете барем 100 пати низ неа. За време на миење на косата немојте да заборавите неколку минути да ја масирате главата и темето.
  2. Избегнувајте различни хемиски препарати за коса – виткање, исправување, фарбање, сето тоа ја уништува вашата коса. Лаковите, пени, исто така ја уништуваат вашата коса, избегнувајте ги ако сакате вашата коса да биде здрава.
  3. Немојте често да ја миете косата – честото миење на косата, само негативно може да влијае на неа. Од шампонот и сушењето таа само ќе стане безживотна, сува, полесно ќе се кине влакното и почесто ќе испаќа. Токму сувата коса побавно расте.
  4. Хидратизација – овој совет ќе го најдете во секое упатство за здраво тело и убавина. Пијте што повеќе вода.
  5. Јадете здрава храна – за да имате здрава коса, морате да се храните добро и здраво. Протеини, јаглехидрати, витамини и зеленчук, а заборавете на шеќерите и маснотиите доколку сакате да имате убава коса.
  6. Редовно шишање – тоа ќе помогне да се обнови косата, а на тој начин и побрзо ќе расте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *