Еве неколку есенски трендови: Шминка за русокоси и бринети

17 ноември, 20170
8

Шминката во есен има свој посебен шарм. Палетата на бои колку што може да биде широка, толку е и селективна. За разлика од летото кога речиси секоја боја ви е дозволена, сега треба да ја одберете вистинската.

Ако не можете да се одлучите, добро е да се раководите според тенот или бојата на коса.

Различна е есенската шминка за русокоси и за бринети.

Русокосите треба да имаат помирни и посветли тонови, додека бринетите може да си играат со темните нијанси на кармини.

Предлог шминка за русокоси:

Нанесете пудра во нијанса на вашата кожа, истакнете ги јаболчниците со нежна розева боја. Веѓите задебелете ги со моливче во соодветната нијанса, а на очните капаци нанесете прво мат сенка во светло розева боја.

На аглите на очите нанесете темнорозева боја со светки и добро изедначете ја со четката, а потоа аглите на очите исенчајте ги со сјајна светлорозева сенка. Исцртајте ги очите во сиво-кафена боја која совршено се вклопува со русата коса.

Нанесете два слоја црна маскара, а на усните ставете моливче со боја на потемна пудра.

Погледнете го видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=z1MF2mxtwp8

Предлог шминка за бринети:

Нанесете подлога за шминка, а потоа со четка добро изедначете ја течната пудра на лицето. Нанесете светлорозево руменило и коректор под очите. Потоа со посветла камена пудра истакнете ја Т-зоната и нанесете бронзер.

На очите прво нанесете светлорозева сенка, а аглите истакнете ги со светлокафена нијанса. Исцртајте ги очите со течен туш за очи, а на внатрешната линија на долните трепки нанесете бело моливче кое ќе ги истакне вашите очи.

Целиот изглед дефинирајте го со додавање вештачки трепки. Усните кои се во преден план исцртајте ги со моливче во вино боја, а потоа нанесете кармин во истата нијанса.

Погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi