Еве што не треба да правите кога ќе забележите бели влакна во вашата коса

26 септември, 20170
9

Без разлика дали сте адолесценти или во средни години, белите влакна можете да ги доживеете на подеднакво стресен начин. Се прашувате дали треба нешто да направите или пак да бидете горди на себе?

Повеќето жени кога ќе забележат бели влакна пристапуваат кон шатирање, меѓутоа тоа е голема грешка и не е долгорочно решение бидејќи после некое време косата ќе порасне,а бројот на белите влакна значително ќе се зголемат бидејќи при шатирање се користат многу силни хемикалии кои ѝ штетат на косата.

Мит е дека доколку скубнете бело влакно околните ќе побелат. Меѓутоа, не пости никаков бенефит освен тоа што ќе бидете ослободени од него сѐ додека не порасне повторно, а тоа ќе се случи за 3-5 недели. Со скубењето на белите влакна ги оштетувате фоликулите, па најидеално би ви било да ги пресечете побелените влакна.

Боите за коса се исто така еден вид на решение, најчесто кај женскиот пол. Но, исто како и шатирањето, така и бојадисувањето не е решение. Хемикалиите се многу штетни и за здравата коса.

Кога ќе забележите бели влакна, немојте ни случајно да ги занемарите витамините и минералите. Доколку не сте во можност да јадете храна која ги содржи овие состојки, пристапете кон суплементи кои се богати во витамини и минерали.

Сето ова може да биде многу стресно, меѓутоа не се нервирајте, бидејќи на тој начин само си нанесувате штета. Истражете која е причината за белеењето на вашата коса и обидете се да пронајдете вистинско решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *