Генијални трикови со коректорот кои секоја жена треба да ги знае

28 септември, 20170
6

Коректорот е задолжителен дел од женскиот несесер. Тој помага да се покријат несовршеностите, црвенилата и подочниците и му дава сјај на уморното лице.

Затоа секојдневието ви го олеснуваме со оваа листа на генијални трикови со коректор кои секоја жена треба да ги знае.

Секогаш прво нанесете течна пудра

Ако прво ја нанесете пудрата, ќе забележите дека нема потреба да користите многу коректор на проблематичните места. Доколку прво го нанесете коректорот а потоа ја нанесете пудрата ризикувате со пудрата да го избришете коректорот и несовршеностите да станат полесно видливи.

Што ако останете без коректор?

Ако имате дома течна пудра, нанесете од неа мало топче врз местото кое што сакате да го покриете, почекајте додека да добие погуста текстура, односно да се засуши и тогаш втријте го во кожата.

Секој коректор е различен

Ако имате сини или виолетови подочници, користете коректор во розова или праска нијанса. Коректорот во кожа боја служи за да се изедначи тенот додека зелениот се користи за да прикријат црвенилата и акните.

genijalni-trikovi-so-korektorot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-02.jpg

Триаголници место точки или линии

Најдобар начин за нанесување на коректор е со него да нацртате триаголник, нежно да го обоите и потоа да го размачкате за да го израмните со тенот. На овој начин очите особено доаѓаат до израз.

genijalni-trikovi-so-korektorot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-06.jpg

Секогаш прво нанесете го зелениот коректорот

Зелениот коректор е создаден за комплетно да го прекрие црвенилото, но не заборавајте по него да нанесете и коректор во кожа боја, за подобра камуфлажа на несовршеностите.

За посјајни очи

Нанесувањето на коректор кој е малку посветол од важата кожа магично ќе ја истакне убавината на вашите очи.

Почнете да го нанесувате од внатрешниот дел на капакот, повлечете линија преку средниот дел од горниот капак и завршете веднаш под крајот на веѓата. Со еден потег вашите очи ќе делуваат поголеми, посјајни и подобро одморени.

genijalni-trikovi-so-korektorot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-03.jpg

Истакнете ги веѓите

Нанесете посветол коректор под и над веѓите и нежно размачкајте. Ефектот ќе биде неверојатен.

За полесно фиксирање на сенката за очи

Нанесете малку коректор врз капаците за да се осигурате дека сенката нема да се собере во наборите. Освен тоа, на овој начин нема да има потреба да купувате прајмер.

genijalni-trikovi-so-korektorot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-04.jpg

Коригирајте го тушот

Ако ви се случи лошо да го нанесете тушот, нема потреба да ја бришете целата шминка – доволно е да нанесете коректор и грешката е поправена.

genijalni-trikovi-so-korektorot-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-05.jpg

Коректор во две нијанси

Можеби не знаевте но обичен коректор во две нијанси, една посветла од вашата кожа а другата потемна, може многу да ви помогне во контурирањето. За оваа постапка најдобри се коректорите во форма на пенкало – со нив ќе имате максимална контрола.

Посветлиот коректор треба да се нанесе на оние места од лице врз кои природно паѓа светлината (чело, нос, јаболчници) додека потемниот треба да се користи за оние места кои природно се во сенка . Користете голема четка за да ги измешате и изедначите нијансите.

Визуелно зголемете ги усните со коректор

Нанесете посветол коректор на средината на усните, размачкајте убаво и нанесете безбоен сјај за усни – толку е едноставно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi